MKinformer

your daily dose of news

Хаос во Бугарија вчера!!! Невидена бура со град опустоши неколку села во Бугарија

26/05/2025 14:44

Селото Тенево беше најпогодено од невремето – град со големина на јајце кршел прозорци, оштетувал автомобили и покриви, а посевите биле речиси целосно уништени.

„Сè започна со дожд, кој премина во силен град. Штетите се најголеми во јужниот и централниот дел од селото. Оштетени се над 1.500 хектари посеви, а има и угинат добиток“, изјави Нели Ројдева, секретарка на селското здружение.

Таа за време на невремето била дома.

„Катастрофа, сè изгледа како после бомбардирање. Поголемиот дел од жителите немаат осигурување на нивните земјоделски површини“, додаде таа.

Нели посочи дека алармот за опасно време бил испратен дури 35–40 минути по завршувањето на бурата.

Слична ситуација имало и во Нова Загора, каде се уништени над 25.000 хектари обработливо земјиште.

Градоначалничката Гајла Захаријева изјави дека штом биле побарани дозволи за лансирање противградни ракети, веднаш било објавено известување на социјалните мрежи и на веб-страницата на општината.

„За жал, не можевме точно да предвидиме каде ќе удри градот и колку ќе биде силен“, додаде таа. Надлежните ќе излезат на терен за да ја проценат штетата.

Земјоделците од селото Бјал Кладенец велат дека целокупното производство им е уништено.

„Сè е уништено – посеви, куќи, амбари, машини. Не знам како ќе се справиме“, вели еден од нив.

Тој изрази незадоволство што над нивното село не била лансирана ракета, иако блиску има противградна станица.

error: Содржината е заштитена од копирање !!