MKinformer

your daily dose of news

Арктичка бура се приближува кон Европа: се очекува нагло заладување и обилни снежни врнежи

04/11/2025 9:12

Европа се подготвува за драматична промена на времето. Метеоролозите предупредуваат дека во наредните недели континентот ќе го зафати арктичка бура, која веќе се нарекува „бура на векот“. Додека јужниот дел на Европа сè уште ужива во умерени есенски температури, северните и западните области се соочуваат со сериозни предупредувања за екстремно студено време.

Според британскиот весник „Мирор“, Велика Британија, Шкотска и северна Англија ќе бидат најтешко погодени, со нагол пад на температурите и силни врнежи од дожд и снег. Првите знаци на зимски услови се очекуваат околу 12 и 13 ноември, кога температурите ќе се спуштат под сезонскиот просек, а во Националниот парк Кернгормс може да наврне и до 10 сантиметри снег за само еден час, што би можело да го блокира сообраќајот, објавува чешкиот портал „Akcniceny“.

Порталот „Бирмингем Лајв“ додава дека бурата ќе донесе и обилни дождови, особено во северниот и централниот дел на Велс, каде што се очекуваат и до 5 милиметри врнежи на час. Метеоролозите предупредуваат дека снежните услови ќе создадат проблеми не само за возачите, туку и за енергетската инфраструктура.

Промените нема да застанат само на Британските острови. Цела централна и западна Европа ќе почувствува пад на температурите, зголемени врнежи и силни ветрови. Според експертите, судирот на топол и ладен воздух ќе го направи ноември еден од најнестабилните месеци во последните години.

Метеоролозите предвидуваат дека оваа арктичка бура е најава за долга и студена зима што би можела да ја зафати Европа по неколку поблаги сезони.

error: Содржината е заштитена од копирање !!