MKinformer

your daily dose of news

Песков: Нападите на украинските сили не придонесуваат за мировен процес

27/05/2025 13:26

Нападите на украинските вооружени сили врз руските региони не придонесуваат за напредок кон мировниот процес, изјави денес портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Според руското Министерство за одбрана, Киев значително го зголемил бројот на напади со беспилотни летала и западни ракети врз цивилни цели во Русија, пренесува ТАСС.

„Овие дејствија на Киев се спротивни на желбата за мировен процес и секако, ги осудуваме овие дејствија; тие не придонесуваат за напредок кон мир“, рече портпаролот на Кремљ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!