MKinformer

your daily dose of news

ПО ЖЕСТОКИТЕ НАПАДИ ОД РУСИЈА, ЗЕЛЕНСКИ БАРА КАФЕ СРЕДБА СО ТРАМП И ПУТИН

28/05/2025 11:21

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи да се одржи заедничка средба со американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, со цел да се стави крај на војната во Украина.

„Доколку Путин не сака да се сретнеме еден на еден, а постои интерес за трилатерална средба, немам ништо против. Отворен сум за било каков формат на разговор“, изјави Зеленски.

Тој исто така нагласи дека би сакал Трамп да воведе остри санкции против руските финансиски и енергетски институции, како одговор на одбивањето на Москва да се согласи на прекин на огнот.

Во меѓувреме, Трамп неодамна изјави дека „Путин целосно полудел“, алудирајќи на еден од најинтензивните напади на Русија врз Украина досега.

„Она што Путин не го разбира е дека ако не бев јас, Русија ќе се соочеше со многу посериозни последици. Си игра со оган“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!