MKinformer

your daily dose of news

НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА ЗАКАЖАНА ЗА ПОНЕДЕЛНИК

31/05/2025 9:39

Русија изрази подготвеност да разгледа прекин на огнот во Украина како можност за постигнување трајно решение на конфликтот, но бара Западот да престане со испораки на оружје за Киев, а Украина да ја прекине мобилизацијата на војници. Ова го изјави рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја, пред Советот за безбедност.

Сепак, тој нагласи дека привремен прекин на непријателствата не е доволен за крај на војната што трае повеќе од три години. „Ако сакаме траен и стабилен мир, мора да ги решиме длабинските причини на конфликтот“, рече Небензја, додавајќи дека Русија предлага нова рунда разговори во Истанбул, закажани за понеделник, каде двете страни би можеле да разменат меморандуми за своите ставови.

Москва предложи директна средба со украинските претставници во Истанбул, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повика двете страни да почнат соработки за мировен договор. Украина, пак, одговори дека е отворена за мир, но истакна дека прво сака да ги види конкретните предлози од руската страна, кои сè уште не се доставени.

„За да биде ефикасна средбата, мора однапред да знаеме што ќе биде на дневен ред и разговорите треба сериозно да се подготват“, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски преку објава на социјалната мрежа X, по состанокот со турскиот министер за надворешни работи. Тој додаде дека Русија намерно не доставува конкретни документи за да го осуети напредокот во евентуалните преговори.

error: Содржината е заштитена од копирање !!