Земјотрес во Грција
07/06/2025 15:37
Денеска во 15:06 часот по македонско време, во морскиот дел кај Света Гора е регистриран земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците од Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица при Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот се наоѓал 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Ова е најсилниот земјотрес забележан во овој регион од минатото лето, кога започна сеизмичката активност на Света Гора.
Земјотресот се почувствувал на целиот полуостров Халкидики, во градот Солун, како и во крајбрежните области на Кавала.





