Два земјотреси за една минута ја стресоа Грција
08/03/2026 23:38
Два последователни земјотреси ја погодија Грција вечерва, во интервал од околу една минута, во близина на градот Иоанина.
Според сеизмолошките податоци, првиот земјотрес имал магнитуда од 4.0 степени според Рихтеровата скала. Потресот е регистриран на 8 март 2026 година во 22:15:59 часот по UTC време, односно во 23:15 часот по локално време.
Епицентарот бил на координати 39.670 географска ширина и 20.640 географска должина, на длабочина од околу 5 километри. Земјотресот бил регистриран на околу 18 километри западно од Иоанина и 152 километри западно од Лариса.
Само околу една минута подоцна бил регистриран и втор потрес со магнитуда од 3.8 степени. Овој земјотрес се случил во 22:17:32 часот по UTC време, на слична длабочина од 5 километри.
Епицентарот на вториот потрес бил на околу 20 километри западно-југозападно од Иоанина и 152 километри западно-југозападно од Лариса.





