Управувал со 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80
10/06/2025 9:21
Вчера во 17.43 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.М.(24) од с. Пирок, тетовско.
При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.


![Скопјанец „летал“ накај Тетово: На место каде што е дозволено до 80, возел со 158 километри на час policija-rezim[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/07/policija-rezim1.jpg)



