MKinformer

your daily dose of news

Уште се „лета“ по македонските патишта: Уапсени повеќе возачи од Скопје, Делчево и тетовско поради пребрзо возење

06/09/2025 18:35

Лишени од слобода возачи од Скопје, Делчево и тетовско поради пребрзо возење.

Како што информираат од МВР, вчера (05.09.2025) во 15:10 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце , поточно во с.Теарце, го лишиле од слобода Ј.Р.(32) од с.Доброште, тетовско, кој управувал патничко моторно возило „рено меган” со тетовски регистерски таблици, затоа што при радарска контрола било утврдено дека во населено место, каде брзината е ограничена на 50 километри на час, возел со брзина од 107 километри на час.

Вчера ( 05.09.2025) во 16:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на автопатот Скопје-Тетово го лишиле од слобода А.М.(43) од с.Лисец, тетовско, кој управувал патничко моторно возило „бмв” со германски регистерски таблици, затоа што при радарска контрола било утврдено дека на место каде што максимално дозволена брзина е 100 километри на час, возел со брзина од 176 километри на час.

error: Содржината е заштитена од копирање !!