MKinformer

your daily dose of news

Данска воведе задолжителна воена служба за жените

12/06/2025 13:03

По наполнување 18 години, данските жени ќе служат воена служба, како и младите мажи, 11 месеци, а обуката би можела да започне веќе следниот месец. Досега, жените можеа да учествуваат во воена обука 4 месеци, и тоа доброволно.

„Поради моменталната безбедносна состојба, вооружените сили мора да привлечат повеќе регрути“, рече министерот за одбрана Лунд Поулсен.

Во иднина, Данска ќе испраќа 7.500 луѓе на воена служба секоја година. Се надеваат дека на тој начин полесно ќе обезбеди пополнување на активниот состав на вооружените сили, кој сега се состои од 24.000 мажи и жени војници.

error: Содржината е заштитена од копирање !!