Почнува обуката за мотоцикл до 125 кубици со „Б“ категорија
12/06/2026 13:37
Обука за мотоцикл до 125 кубици од денеска во автошколите
Од денеска граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри во автошколи кои имаат лиценца за „А1“ категорија, откако Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни предуслови за имплементација на законските измени.
Колку трае обуката?
Обуката за управување со мотоцикл од категоријата „А1“ (до 11 kW со автоматски менувач) ќе ја спроведуваат овластени автошколи и ќе трае четири часа.
Што опфаќа обуката?
Обуката ќе опфати теми од значење за безбедноста во сообраќајот, како што се:
-
користење на заштитна опрема
-
контрола и стабилност на мотоциклот
-
превоз на сопатник
-
справување со ризици на патот
Кои се условите?
Кандидатите треба да достават:
-
лекарско уверение
-
потврда дека немаат забрана за управување со моторно возило од категорија „Б“
Правото за следење на обуката се однесува на лица кои имаат:
-
најмалку 23 години
-
најмалку пет години важечка возачка дозвола од категоријата „Б“
Што се случува при забрана за Б категорија?
Од МВР појаснуваат:
„Доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија, тоа автоматски повлекува и забрана за управување со мотоцикл со оваа потврда.“
Задолжителна обука
Од Министерството потенцираат дека управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри не е дозволено без претходно завршена теоретска обука и издадена потврда од овластена автошкола.





