Ристовски може да бира, клубови од четири земји го сакаат неговиот потпис
16/06/2025 9:28
Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски е во потрага по нов клуб откако го заврши поглавјето во Динамо Загреб.
Според унгарскиот новинар, Счех Бенјамин, за Ристовски има интерес од четири земји.
Меѓудругите Ристовски се поврзуваше и со Ујпеш, но од овој унгарски клуб му рекле на новинарот дека уште не го контактирале фудбалерот.
Покрај Унгарија, можни дестинации за Ристовски се и Русија, Турција и Обединетите Арапски Емирати.





