MKinformer

your daily dose of news

Светските лидери упатуваат смирувачки тонови, но стравуваат од ексалација на Блискиот Исток по нападот на САД, ова се изјавите

22/06/2025 11:00

По објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД извеле воздушни напади врз три клучни ирански нуклеарни постројки, светските лидери реагираа со различни тонови – од повици за воздржаност до поддршка на акцијата.

Она што може да се примети во нивните изјави е дека светот стравува од ескалација на конфликтот и дека можеби е несериозно после вклучувањето на Америка дека Иран размислува за преговори за мир, како што и напиша американскиот претседател Доналд Трамп.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази „длабока загриженост“ поради ескалацијата на воените активности на Блискиот Исток и повика на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации. „Воените решенија нема да донесат стабилност во регионот“, изјави Путин.

Кинеското Министерство за надворешни работи повика на воздржаност од сите страни и повтори дека „суверенитетот на државите мора да биде почитуван“. Кина нагласи дека е против употребата на сила и поддржува дијалог и дипломатија.

Британскиот премиер изјави дека Лондон „ги следи настаните со сериозна загриженост“ и дека ќе се консултира со сојузниците во НАТО за натамошни чекори. „Наш приоритет е да спречиме понатамошна ескалација и да го заштитиме меѓународниот мир“, рече тој.

Од Франција, претседателот Емануел Макрон ги повика САД и Иран да избегнат натамошни провокации и нагласи дека „Европа мора да ја зајакне својата улога како фактор на стабилност“.

Израелскиот премиер, пак, отворено ја поздрави американската акција, нарекувајќи ја „одлучувачки чекор во спречувањето на иранската нуклеарна закана“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, издаде соопштение во кое повика на итна деескалација и враќање на дипломатскиот дијалог. „Светот не смее да дозволи нова војна на Блискиот Исток“, предупреди Гутереш.

Во Техеран, иранските власти жестоко ја осудија акцијата, нарекувајќи ја „актом на агресија“ и најавија дека „Иран ќе одговори во соодветно време и начин“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!