MKinformer

your daily dose of news

Се урна голем мост

24/06/2025 22:50

По обилните врнежи и поплавите во Кина, во провинцијата Гуиџоу, предизвикале лизгање на земјиштето по што се урнал еден од мостовите во провинцијата.

Камион останал да виси над работ на урнатиот мост.

Снимките на социјалните мрежи го снимија моментот кога сведок се обидува да му помогне на возачот заробен во кабината. Видеото од дрон објавено од кинеските државни медиуми го покажува возилото како виси над длабока бездна подолу.

Регионот во последните денови доживеа врнежи од дожд „еднаш на 30 години“, објавија кинеските државни медиуми, што предизвика големи поплави во градовите и селата.

Локалните власти соопштија дека возачот бил спасен од службите за итни случаи и дека не е повреден.

error: Содржината е заштитена од копирање !!