MKinformer

your daily dose of news

Интер го исфрли Ривер, Монтереј ја „бомбардираше“ Урава!

26/06/2025 8:19

Интер со 2-0 славеше над Ривер Плата и како прв од групата оди во осминафиналето на Светското клупско првенство, таму ќе биде и Монтереј кој со 4-0 беше подобар од Урава, а два од погодоците беа со неверојатни шутеви од далечина.

Интер и Ривер одиграа меч со многу тензија кој на крајот го доби италијанскиот тим со 2-0.

Во 65. минута Мартинез Кварта доби директен црвен картон откако како последен играч во одбраната го фаулираше Мхитарјан.

Седум минути подоцна тоа го искористи Интер и со убав гол на Еспозито поведе со 1-0.

Конечните 2-0 ги постави Бастони во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.

По мечот имаше мешаница која со реакција на повеќето кои се најдоа на теренот заврши без посериозни последици.

error: Содржината е заштитена од копирање !!