Интер го исфрли Ривер, Монтереј ја „бомбардираше“ Урава!
26/06/2025 8:19Интер и Ривер одиграа меч со многу тензија кој на крајот го доби италијанскиот тим со 2-0.
Во 65. минута Мартинез Кварта доби директен црвен картон откако како последен играч во одбраната го фаулираше Мхитарјан.
Седум минути подоцна тоа го искористи Интер и со убав гол на Еспозито поведе со 1-0.
Конечните 2-0 ги постави Бастони во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.
По мечот имаше мешаница која со реакција на повеќето кои се најдоа на теренот заврши без посериозни последици.






