MKinformer

your daily dose of news

Неофицијално во Србија апсења, по вчерашните немири

29/06/2025 15:50

Според неофицијални информации, во тек е полициска акција за приведување на група студенти-блокадери, кои заедно со други учесници на 20 и 21 јуни подготвувале планови за напади врз државни институции, блокади на сообраќајници, саботажа на проектот ЕКСПО и други насилни дејствија со цел поттикнување хаос и насилна промена на уставниот поредок.

Досега, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, уапсени се четворица студенти од Белград, Ниш, Заечар и Смедерево, а акцијата продолжува.

Се тврди дека подготовките биле водени на состаноци во просториите на Електротехничкиот и Градежниот факултет во Белград.

Операцијата е поврзана со аудио снимки емитувани минатата недела на неколку телевизии, на кои се слуша како групата дискутира и планира уривање на државниот поредок. Снимките се предадени на надлежните органи за идентификација на учесниците.

Во разговорите се споменува насилен упад во Народното собрание и Владата на Србија, како и блокада на ЕКСПО-градилиштето, Андриќев венац, Пионирски парк и зградата на РТС. Исто така се планирале и блокади на патишта, а по 28 јуни, продолжување со порадикални облици на граѓанска непослушност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!