MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Планирале атентат врз Александар Вучиќ: Уапсени две лица од Краљево

24/02/2026 11:11

Двајца жители на Краљево се приведени под сомнеж дека подготвувале дејствија насочени против уставниот поредок на Србија, како и напад врз претседателот на државата, Александар Вучиќ, и членови на неговото семејство.

Според соопштението на Министерство за внатрешни работи на Србија, осомничените наводно планирале набавка на оружје и напад врз претседателот, неговата сопруга и децата, како и врз припадници на полицијата.

Кои се осомничените?

Станува збор за Д.Р. (51) и М.Р. (43), двајцата од Краљево. Тие биле уапсени од полицијата во соработка со Безбедносно-информативната агенција (БИА), под сомнение дека сториле кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на државата.

Според информациите објавени од српскиот портал „Нова“, двајцата се ветерани на 63-та падобранска бригада и во изминатиот период ги придружувале студентите за време на протестите и блокадите.

Планирање во период од неколку месеци

Од полицијата наведуваат дека осомничените го планирале наводниот напад во периодот од декември 2025 до февруари 2026 година.

Тие ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Србија, откако ќе поминат 48 часа во притвор.

error: Содржината е заштитена од копирање !!