MKinformer

your daily dose of news

Телефонски разговараат Трамп и Путин

03/07/2025 20:29

„Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, во моментов разговараат по телефон“, објави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Претходно, на пленарната седница на форумот на Агенцијата за стратешки иницијативи, Путин објави дека ќе разговара со американскиот претседател Трамп. Трамп подоцна го потврди ова на својата социјална мрежа.

„Ќе разговарам со рускиот претседател Путин во 10 часот наутро. Ви благодарам!“, напиша Трамп.

По телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, се очекува Кремљ ќе одржи брифинг.

error: Содржината е заштитена од копирање !!