САМИТ НА БРИКС ВО БРАЗИЛ-Путин преку видео им се обрати на присутните
06/07/2025 10:32
Во бразилскиот град Рио де Жанеиро е во тек 17-тиот самит на земјите-членки на БРИКС. Русија ја претставува министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, додека рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на главната пленарна сесија преку видео линк.
Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, главните теми на разговор ќе бидат:
-
прашања поврзани со мирот и безбедноста,
-
реформа на глобалното управување,
-
можности за соработка во политиката, трговијата, економијата, културата и хуманитарниот сектор,
-
и ставовите на учесниците за најгорливите меѓународни теми.
По завршувањето на самитот, се очекува усвојување на заедничка завршна декларација.
Претходно, советникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, објасни дека поради налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС), Бразил не може да обезбеди услови за физичко присуство на претседателот Путин на самитот.
МКС на 17 март 2023 година издаде налог за апсење на Владимир Путин и на детскиот омбудсман Марија Лвова-Белова, обвинувајќи ги за наводно „депортирање“ деца од Украина. Русија тврди дека децата биле евакуирани од борбените зони за нивна безбедност. Кремљ ги отфрла обвинувањата и ја негира надлежноста на МКС, сметајќи ги неговите одлуки за невалидни.
Ова е првиот самит по проширувањето на БРИКС со нови земји, меѓу кои е и Индонезија, како и уште 10 нови партнери. На собирот присуствуваат и бројни земји во развој, како и претставници од меѓународни и регионални организации.






