MKinformer

your daily dose of news

Елон Маск создаде своја политичка партија, „АМЕРИКАНСКА ПАРТИЈА“

06/07/2025 8:27

Доскорешниот поддржувач на актуечниот американски претседател Доналд Трамп и поранешен шеф на Одделот за ефикасност, Елон Маск, вечерва објави дека формира Американска партија.

„Со фактор 2 спрема 1, сакате нова политичка партија и ќе ја имате!

Кога станува збор за банкротирање на нашата земја со расипништво и корупција, ние живееме во еднопартиски систем, а не во демократија.

Денес, Американската партија е формирана за да ви ја врати слободата.“ објави Маск на мрежата Х вечерва, откако вчера, на Денот на независноста постави анкетно прашање до сите на Х дали се за формирање нова партија, која треба да биде конкуренција на Републиканците и Демократите, за кои смета дека дека не владеат демократски со САД.

Над 65 проценти одговорија дека се за нова партија, нешто околу 34% дека не се за нова Американска партија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!