Од Сорос до Маск, епизодата УСАИД во Македонија
28/07/2026 9:36
Политичкиот отпечаток на УСАИД, како 90 милиони долари ја обликуваа Шарената револуција во Македонија
Кога во 2015 и 2016 година улиците на македонските градови експлодираа од протести, кога шарените маски и транспаренти станаа симбол на отпорот против тогашната влада, малкумина зборуваа за заднината. Денес, она што тогаш беше претставувано како спонтан граѓански бунт, пред јавноста изгледа сосема поинаку, како прецизно осмислен и финансиран политички проект.
Финансиската конструкција зад протестите
Во центарот на приказната е УСАИД, американската агенција за развој, чија улога во Македонија, според денешните сознанија, далеку ги надминува хуманитарните рамки. Она што се случуваше во периодот околу 2015-2016 година беше организирана поддршка на невладини организации, градење на капацитети на младински и граѓански структури, сѐ со јасна политичка цел, промена на власта.
Според извештаи од САД, објавени и на македонските портали, администрацијата на тогашниот претседател Барак Обама и милијардерот Џорџ Сорос заедно потрошиле 90 милиони долари за Шарената револуција во Македонија. Администрацијата на Обама издвоила околу 45 милиони, а Сорос додал уште толку.
Организации како Фондацијата Отворено Општество, управувана од сегашната потпретседателка на СДСМ Фани Каранфиловска, добиле милионски донации токму во тој период. Средбите, обуките и проектите беа насочени кон иста цел, создавање на инфраструктура која ќе биде подготвена да излезе на улиците.
„Армија на Сорос“, лицата на револуцијата
Сликите од протестите зборуваат сами за себе. Лидерите на Шарената револуција позираа со маици на кои пишуваше „Армија на Сорос“, отворено афирмирајќи ја поврзаноста со милијардерот кој заедно со Обама ги финансираше промените.
Еден од тие лидери, Павле Богоевски, подоцна заврши како пратеник од СДСМ, но мораше да поднесе оставка откако беше фатен со кокаин.
Судбините на овие двајца, наместо афирмација, додаваат нови прилози кон она што многумина денес го нарекуваат срамна биографија на „невладиниот соросов сектор“.
УСАИД, повеќе од хуманитарна организација
Американскиот републикански сенатор Џон Кенеди пред време објави дека УСАИД во Македонија потрошила 3,9 милиони долари само за ЛГБТ каузата. Но, тоа беше само дел од активизмот што го финансираше агенцијата. Нејзините програми, според новите анализи, беа длабоко политички обоени, фаворизирајќи левичарски идеи промовирани од администрациите на Обама, Хилари Клинтон и подоцна Бајден.
Новиот пристап на администрацијата на Доналд Трамп, преку Одделот за владина ефикасност (ДОЏ), токму затоа ги насочи своите истраги кон УСАИД, првенствено во Африка, Источна Европа и Западен Балкан.
Маск го потврдува она што веќе се знаеше
Потврда за ваквата карактеризација на УСАИД дојде од Илон Маск, кој во владата на Трамп ја предводеше токму истрагата за работата на оваа агенција. Во интервју за „Економист“, на прашањата на уредничката Зани Минтон Бедоус за последиците од укинувањето на финансирањето, Маск беше безкомпромисен.
„УСАИД беше политичка организација!“, изјави Маск, елаборирајќи дека нејзиното финансирање не било запрено, туку префрлено во Стејт департментот.

На коментарите на Бедоус дека прекинот на финансирањето за антиретровирусни лекови би предизвикал смртни случаи, Маск одговори:
„Нула! Нула луѓе починаа поради ДОЏ“ и го отфрли сценариото како медиумска манипулација. „Кога ќе се запре финансирањето за измамнички организации, дали мислите дека тие ќе кажат: „Па, ве молиме продолжете да ја финансирате измамата“, или мислите дека ќе излезат со тажна приказна за да им се врати финансирањето? Очигледно, ќе биде второто.“
Тој дополнително истакна дека големи приватни фондации, како Фондацијата Гејтс и фондацијата на Мекензи Безос, располагаат со десетици милијарди долари и се способни да дејствуваат многу брзо.
„А ако не го сторија тоа, би рекол дека се еднакво одговорни“, додаде тој.
Политичките манипулации зад фасадата
Во истото интервју, Маск застана против она што го нарече
„апсурдна и лажна карактеризација на десницата“ од некои традиционални медиуми, разоткривајќи ги политичките манипулации од левата страна на политичкиот спектар.
Тој отворено застана и против мигрантската политика, ако таа значи прекршување на закони или зголемување на убиства и силувања, и против наметнување на правила спротивни на националните вредности.
Епилог за македонскиот случај
Шарената револуција во Македонија, која тогаш беше претставувана како борба за демократија, денес пред објективните анализи изгледа како прецизно финансиран политички потфат. УСАИД, Сорос, Обама, нивните 90 милиони долари оставија длабок печат. А лидерите што ги издигнаа тие пари, денес се распаднати меѓу скандали и судски одлуки.
Маск само го кажа она што многумина веќе го насетуваа , УСАИД не беше хуманитарна агенција. Беше политичка организација. И нејзините проекти, како оној во Македонија, не беа за општо добро, туку единствено за промена на власта.






