Лице од тетовско ограбено во скопски Петровец – тргнал да се види со пријателка, но го пресретнале двајца мажи
06/07/2025 19:55
На 05.07.2025 година во 21.15 часот во СВР Тетово, Ј.К.(43) од село Голема Речица, тетовско, пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот на подрачјето на Петровец, скопско, откако претходно договорил средба со негова пријателка од Куманово, бил пресретнат од две машки лица со патничко возило, од кои едното вооружено со огнено оружје, и со закана му одзеле пари и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


![МВР: Крвава престрелка во Тетово – едно лице убиено, четворица повредени, меѓу нив и малолетничка policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)



