Пожарите ја земаа првата жртва: Пронајдено изгорено тело во Ѓорче Петров
07/07/2025 13:33
Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни.
Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






