Синоќа изби шумски пожар над Битола
17/07/2025 8:14
Синоќа, нешто по 21.30 часот изби шумски пожар над Битола, лоциран во атарот на селата Лавци и Смолево.
Командирот на Територијалната противпожарна единица-Битола, Христијан Тодоровски истакна дека екипи на ТППЕ-Битола биле излезени на терен за да го изгаснат или локализираат пожарот.
-Веднаш по дојавата за шумски пожар, на терен испративме три екипи. Теренот е непристапен, но ќе дадеме се од себе за пожарот да биде изгаснат или локализиран, изјави командирот Тодоровски.
Во текот на ноќта пожарот е изгаснат.






