MKinformer

your daily dose of news

Моторџијата кој го прегази чичко Југо под прозорот од неговиот дом оди во затворски притвор

08/07/2025 9:08

Моторџијата кој го прегази Југослав Николовски на пешачка патека оди во притвор. Кривичен ја прифати жалбата на обвинителството.

Граѓаните кои живеат во близина на местото каде што буквално пред прозорецот на својата куќа заврши животот на скопајнецот кој вечерта излегов да фрли ѓубре, велат дека и по пет дена од настанот се вознемирени и не се чувствуват безбедсно

Сообраќајната незгода се случи на 1 јули доцна вечерта. При ударот, Николовски останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на патеката по што избегал.  Николовски добил тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото.

Според информации на МВР, возачот имал сторено едно кривично дело насилство во 2016 година и едно дело непочитување здравствени ковид мерки во 2021 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!