МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НАПРЕДУВАШЕ ПЕТ МЕСТА НА ФИФА РАНГ ЛИСТАТА
10/07/2025 19:22
Македонската фудбалска репрезентација забележа напредок од пет места на најновата ФИФА ранг-листа и сега се наоѓа на 62. позиција. Овој резултат е одраз на добрата форма што репрезентацијата ја покажува во последниот период.
Благодарение на позитивните настапи, Македонија успеа да ги престигне селекциите на Албанија, Јордан, Грузија, Буркина Фасо и Обединетите Арапски Емирати. Овој напредок внесува дополнителен оптимизам пред продолжението на квалификацискиот циклус.
Наредната можност за уште подобар пласман ќе биде дуелот со Лихтенштајн во рамките на квалификациите за Светското првенство, каде што тимот предводен од селекторот Благоја Милевски ќе се обиде да го продолжи позитивниот резултатски тренд.
На врвот на листата нема промени – Аргентина останува на првото место, пред Шпанија, Франција, Англија и Бразил.






