ЕГЗИТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ ВО СРБИЈА И НОВИ САД: Ова е последниот танц, се селиме во Египет
10/07/2025 18:51
„Егзит“, најголемиот и најпознат српски музички фестивал со меѓународен углед, вечерва започнува по последен пат во Нови Сад, на Петроварадинската тврдина, и ќе трае до 13 јули. Организаторите ја донесоа одлуката за заминување, која, како што истакнуваат, не била лесна и не е поврзана со комерцијални причини, туку со политички притисоци што ги почувствувале поради нивната поддршка на долготрајните студентски протести во Србија.
Фестивалот наскоро ќе се пресели во Египет, на нова локација – најверојатно на Црвеното Море – откако е потпишан договор со египетска компанија специјализирана за организација на музички настани. Новосаѓани, со доза на иронија, велат дека „Егзит“ заминува од „Панонското“ на море.
Во знак на отпор, годинашното издание ќе започне со уметничкиот перформанс „Emergency Exit“, како симболична реакција на ограничувањето на слободата на говор.
„Останавме без речиси сè јавно финансирање, што е клучно за одржување на фестивал од ваков ранг. Но, нема да дозволиме да ни го одземат гласот. Ова ќе биде последен танц на тврдината, и се обврзуваме да го направиме најемотивното и најнезаборавното издание досега“, порача тимот на „Егзит“.
Одлуката за заминување на фестивалот од Србија предизвика загриженост и реакции и во реномирани светски медиуми како Би-би-си и „Гардијан“. Иако ова е последното издание во Нови Сад, „Егзит“ и натаму добива поддршка од многу светски музички ѕвезди, кои повикаа на што поскоро враќање на фестивалот во Србија.




![Kлимaтoлoзитe co стpaшнa пpoгнoзa: Kлимaтa нa Балканoт ќe бидe yштe пoлoшa toplo-vremeeeee-650x396[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/toplo-vremeeeee-650x3961-1.jpg)
