MKinformer

your daily dose of news

Одржани третите „Скопски поетски вечери“

26/07/2026 14:22

Третите „Скопски поетски вечери“ собраа автори од 57 држави во спомен на земјотресот од 1963 година

Поетски фестивал со меѓународно учество во Музејот на македонската револуционерна борба

Во организација на здружението „Хуманитарно Културен ФЕНИКС“, на 25 јули 2026 година во преполната сала на Музејот на Македонската револуционерна борба се одржа третиот Интернационален традиционален поетски фестивал „Скопски поетски вечери“, посветен на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

Пред почетокот на фестивалот, претседателката на здружението „ФЕНИКС“, Билјана Челик, им се заблагодари на помагателите – ЕРИАК (Европски ромски институт за уметност и култура) и на сите присутни за поддршката и учеството.

Голем интерес од автори од целиот свет

На конкурсот пристигнале 297 пријави од автори од 57 држави, а 148 творци влегле во конкуренција за наградите, согласно одлуката на петчленото интернационално жири.

Лауреат и добитник на највисокото признание „Златен Феникс“ е кинескиот поет Луо Ќичао.

Доделени бројни признанија и награди

Во текот на фестивалот беа прогласени победниците во категоријата странски писатели, а беше доделена и наградата „ФЕНИКС БЕЗ ГРАНИЦИ“.

Наградата „Ѓорѓија Пулевски“ му беше доделена на најдобриот млад поет на фестивалот, додека признанието „Млад Феникс“ му припадна на најдобриот млад поет од странство.

Во конкуренцијата на младите поети беа доделени прва, втора и трета награда, а истите признанија беа врачени и во категоријата македонски поети.

Меѓу доделените признанија беа и наградата „ФЕНИКС ГЛАС НА ВЕЧНОСТА“ за најдобра духовна поезија, како и „ФЕНИКСОВО ПЕРО“ за најдобра збирка поезија објавена меѓу двата фестивали во издание на здружението.

Фестивалот беше заокружен со доделување Плакети „ФЕНИКС“ за посебен придонес во културата.

Фолклорна програма за свечено затворање

Во културно-уметничката програма настапи фолклорната група при Здружението на воени пензионери на Скопје, која со својот настап го збогати завршниот дел од фестивалот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!