MKinformer

your daily dose of news

Сончево со мала до умерена облачност, температури до 33 степени

11/07/2025 7:51

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени, информира УХРМ.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

error: Содржината е заштитена од копирање !!