MKinformer

your daily dose of news

Денес до 40 степени, попладне е можен дожд и грмежи

20/07/2026 7:24

Денес сончево и до 40 степени, попладне можни дожд, грмежи и невреме

Од среда следува заладување, а во петок се очекуваат врнежи и значително пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и максимални дневни температури до 40 степени. Попладне се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а на одделни места се можни и услови за невреме со појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Температурите ќе достигнат до 40 степени

Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 34 до 40 степени, што и понатаму ќе ја задржи топлотната бранова состојба во поголемиот дел од земјата.

Во Скопје до 39 степени

Во главниот град ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови во делови од Скопската Котлина се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе изнесува околу 20 степени, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Од среда следува промена на времето

Според прогнозата, и во вторник ќе се задржи сончево и многу топло време, но попладне и навечер повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град.

Од среда се очекува промена на временската состојба поради продор на постудена воздушна маса од север. Со засилен северен ветер ќе започне постепен пад на температурите.

Најизразена промена се очекува во петок, кога на повеќе места ќе има врнежи од дожд и значително пониски дневни температури. Од сабота повторно се очекува постепен пораст на температурите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!