MKinformer

your daily dose of news

Трагедија од болни размери во Прилеп – За што? За полураспадната куќа

14/07/2025 9:25

Јавноста изминатиот викенд во шок од трагедијата во Прилеп. Прилепчанец ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил, а причина за крвавиот инцидент биле нерешени имотни прашања.

Бурни реакции на социјалните мрежи за менталитетот на македонскиот народ кој може да доведе до трагедии од вакви размети, но истовремено се алармира за поголемо внимание системот да обрне на менталното здравје, на просторот на социјалните мрежи, како и на дозволите за оружје. Кој сѐ јавно се заканува на Интернет, кој сѐ поседува оружје, кој сѐ на што е подготвен – јавноста се прашува по овој вознемирувачки настан.

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина со краток и дециден став:

– Немам видено ни чуено некој што работел и створил нешто свое да се расправа за наследство со роднини, џанам замоците и имотот во хектари од аристократските генерации го делат. Клошари неспособни се расправаат за мочан и безвреден имот со сестри и браќа. Детено живот не виде, мајкана ќе си ги закопа и мажот и синот, за што? За полураспадната куќа во Прилеп. Трагедија од болни размери, сподели таа.

Семејно насилство не е приватна работа, семејно насилство е канцер на општеството! – алармира таа.

– Негувајќи општество што замижува на семејно насилство и ги пушта насилниците брзо, они зимаат целосна слобода да ги заплашуваат тие што пријавиле. Така, обично стравот од нив е поголем од довербата во системот дека ќе бидете заштитени и како жртва и како сведок. И тоа е така со години, во Скопје мрда нешто последните години, по другите градови посебно помалите е очај пошо сите се или роднини или сватови, вели Ина Многуфина во друга фејсбук објава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!