Денеска се празнуваат Светите маченици Кузман и Дамјан
14/07/2025 6:55
Светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан биле родени браќа од Рим, кои уште од најмала возраст биле воспитувани во христијански дух. Бог им подари голема благодат – со едноставно полагање на рацете лечеле болести кај луѓето и животните. Никогаш не наплатувале за својата помош – од болните барале само вера во Исус Христос. Големиот имот што го наследиле го раздале на сиромашните.
Во времето на цар Карин, тие биле уапсени и доведени пред него, обвинети како христијани. Царот барал да се откажат од верата и да принесат жртви на идолите, но браќата одбиле и го повикале и него да се одврати од лажните богови. По чудесното исцелување што му го приредија, царот поверувал во Христос и ги ослободил.
Светата слава што ја стекнале ги направила познати меѓу народот, но и предизвикала завист кај нивниот поранешен учител. Под изговор заедничко собирање на лековити билки, ги однел во планина и ги убил со камења.
Светите Козма и Дамјан маченички го завршиле својот живот во 284 година, но нивниот спомен останал жив во Црквата. Денес тие се почитувани како светители, заштитници на лекарите и сите што се грижат за болните.





