Изгореа три возила на паркинг во Аеродром
17/07/2025 13:15
Три автомобили изгореа околу три часот по полноќ на паркингот на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром.
На терен интервенирале екипи од полицијата и Противпожарната бригада.
Засега не се познати причините за пожарот, се очекуваат повеќе информации во текот на денот од Министерството за внатрешни работи.
Фото: „Слободен печат“






