MKinformer

your daily dose of news

Осум активни пожари на отворено, регистрирани вкупно 51 за едно деноноќие

28/07/2025 8:49

Во текот на изминатото деноноќие (27/28 јули 2025 година), на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, осум се активни, седум се под контрола, а 36 се целосно изгаснати.

„Сите надлежни институции и теренски екипи се ангажирани за локализирање и гаснење на пожарите. Ситуацијата постојано се следи и координира од страна на ЦУК,“ информираат од Центарот.

Активни пожари има во општина Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде што гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Во општина Прилеп, кај село Бешиште, м.в. Бешишки Рид, пожарот се шири кон селото Градешница (општина Новаци) и кон границата со Република Грција, каде гори мешана шума. Активен е и пожарот меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (општина Прилеп), и селата Галиште и Трстеник (општина Кавадарци), каде што гори мешана шума и нискостеблеста вегетација.

Во општина Македонски Брод, пожарот се шири меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа, зафаќајќи деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. Во општина Желино пожарот е активен меѓу селата Церово и Групчин, каде што гори нискостеблеста и деградирана шума. Во општина Крива Паланка, кај селото Нерав, гори висока борова шума, а во општина Кичево, кај селото Горно Црско, е активен пожар со ниска вегетација и ниска шума. Активен е и пожарот кај селото Ќосевица, општина Македонска Каменица, каде што гори борова шума.

Пожари под контрола се регистрирани во општините Старо Нагоричане и Куманово – села Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце, со ширење кон села Димонце и Коњух (општина Кратово), каде што гори ниска вегетација. Во општина Петровец, под контрола се пожарите кај селата Средно и Долно Коњаре (мешана шума), како и во Катланово (ниска вегетација). Во општина Македонски Брод, под контрола се пожарите кај селата Грешница и Латово. Во општина Штип, пожарот помеѓу селата Драгоево и Селце е ставен под контрола, како и оној во село Јунузлија, општина Карбинци.

error: Содржината е заштитена од копирање !!