MKinformer

your daily dose of news

СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО, ТЕМПЕРАТУРИ ДО 39 СТЕПЕНИ

17/07/2025 7:54

Денес не очекува претежно сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а на некои места повремено и засилен ветер – од западен правец во западниот дел од земјата, а долж Повардарието од север.

Во попладневните и вечерните часови се предвидува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на невреме со можен град.

Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 12 и 21 степен, додека максималните дневни ќе достигнат од 31 до 39 степени.

Скопје:
Во главниот град ќе преовладува сончево и многу топло време со повремена облачност. Попладне, во одделни делови од котлината се очекува нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите ќе се движат од 20 до 37 степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!