Двајца малолетници уапсени при обид за кражба на црква
18/07/2025 12:21
На 18.07.2025 во 04.35 часот на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп. Тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба.
Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






