MKinformer

your daily dose of news

НАПАЃАЧОТ НА ДАНЕЛА АРСОВСКА ЗАРАБОТИ ОБВИНЕНИЕ И УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР

18/07/2025 15:01

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека Кривичниот совет го прифатил предлогот за продолжување на мерката притвор, оценувајќи дека и понатаму постојат услови што го оправдуваат нејзиното продолжување – опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело. Поради тоа, притворот е продолжен за уште 30 дена.

Во однос на обвинителниот предлог, од судот информираат дека е оформен кривично-правен предмет, кој по распределба кај надлежен судија ќе продолжи во редовна постапка. Главната расправа ќе биде закажана дополнително, а термините ќе бидат објавени во календарот за судења на официјалната веб-страница на судот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!