MKinformer

your daily dose of news

СОНЧЕВО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 35 СТЕПЕНИ, НО ПОСВЕЖО ВРЕМЕ

18/07/2025 8:55

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени“, се вели во сопштението на УХМР.

И во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Од утре, според синоптичарите, следува период на сончево и многу потопло време со пораст на дневните температури.

Повисоки температури ќе бидат забележани во првата половина од следната недела.

error: Содржината е заштитена од копирање !!