MKinformer

your daily dose of news

Денес сончево и топло, попладне можни пороен дожд и грмежи

07/07/2026 8:30

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Температурите до 36 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19 степени.

Максималната дневна температура ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени.

Времето во Скопје

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови, во делови од котлината, ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува топол и стабилен период

Според синоптичарите, во следните денови ќе преовладува топло и стабилно време.

Дневната температура ќе биде во пораст.

error: Содржината е заштитена од копирање !!