(Видео) 19 повредени, 4 тешко – Огномет експлодираше среде публика на саемот Рајнкирмес во Диселдорф
19/07/2025 12:19
Најмалку едно дете е меѓу повредените во инцидентот што се случи за време на огнометот на саемот Рајнкирмес во Диселдорф, при што четири лица се здобиле со тешки повреди, соопшти противпожарната служба рано утринава.
На интервенција биле повикани околу 80 пожарникари и спасувачи. Според досегашните информации, една од ракетите од огнометот експлодирала на прениска висина од засега непознати причини, доцна синоќа.
Dieses Video zeigt die Fehlzündung und damit die ausgelöste Kettenreaktion beim Feuerwerk in Düsseldorf auf den Rheinwiesen. https://t.co/5yPHAilKht pic.twitter.com/2OTYCXfEHF
— Maik Schmidt 🇩🇪 Das Original (@MaikSchmidie) July 19, 2025
Полицијата води истрага за случајот, но првичните наоди укажуваат дека станува збор за несреќа. Поради настанот, организаторите на саемот одлучиле да ги прекинат свеченостите порано од планираното. Во своето соопштение изразија жалење за случката и најавија дека ќе размислат дали традиционалниот огномет ќе се одржува и следната година.
Инаку, саемот започна на 11 јули во чест на заштитникот на градот, Свети Аполинариј, и требаше да трае до утре.






