MKinformer

your daily dose of news

Силна експлозија го потресе Рим

04/07/2025 11:58

Неколку лица се повредени, од кои тројца се здобиле со сериозни изгореници, во експлозија што се случила на бензинска пумпа во Рим, пренесуваат италијанските медиуми.
Според локалниот портал „Рома тудеј“, од местото на несреќата се издигал голем облак од чад и оган, а експлозијата на пумпата што снабдува со бензин, дизел и течен нафтен гас (LPG), на улицата Виа деи Гордијани, била толку силна што се слушнала низ целиот град.

error: Содржината е заштитена од копирање !!