НОВИ ЕНЕРГЕТСКИ ФАСАДИ ЗА ДВЕ ЗГРАДИ ВО КАРПОШ 4: Јакимовски во посета на објектите
20/07/2025 11:18
Во тек е поставување нови енергетски ефикасни фасади во Карпош 4. Општина Карпош продолжува со поддршка на проекти што го подобруваат квалитетот на живеење.
Деновиве, во полн ек се градежните работи на две станбени згради во населбата Карпош 4, каде се поставуваат нови енергетски ефикасни фасади.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски ги посети локациите и изрази задоволство од досегашниот напредок.
Со овие зафати, општината придонесува за:
– поголема енергетска ефикасност,
– намалени сметки за домаќинствата,
– поубав изглед на зградите,
– повисока вредност на имотот.
Општина Карпош останува посветена на урбана обновa и подобрување на условите за живеење на сите граѓани!






