ТРАГЕДИЈА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Пронајдено безживотно тело на 49 годишен маж
20/07/2025 17:55
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера попладне, во водите на Охридското Езеро, на струшкиот дел од брегот, било пронајдено тело на починат маж.
Случајот бил пријавен на 19 јули 2025 година, околу 16:30 часот, во Одделението за внатрешни работи Струга. По извршените проверки и увид, било утврдено дека се работи за 49-годишниот К.И. од селото Волино, општина Дебрца.
Екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без знаци на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.





