Се удави човек во Вардар кај Неготино, телото извлечено кај Црвени Брегови
04/07/2026 8:41
Се удави човек во Вардар кај Неготино, а неговото тело вечерва било извлечено од реката во близина на селото Црвени Брегови.
Според првичните информации, станува збор за 76-годишен жител на Неготино, објави „Прес24“, повикувајќи се на информации од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК информираат дека за случајот известил Регионалниот центар за управување со кризи – Велес.
Интервенирале пожарникари и полиција
Според информациите од ЦУК, претходно било пријавено исчезнато лице во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови, во општина Неготино.
На терен интервенирале седум пожарникари од Територијалната противпожарна единица Неготино, како и екипа од Полициската станица Неготино.
„РЦУК – Велес известува дека исчезнато лице во водите на река Вардар во с. Црвени Брегови, општина Неготино. Интервенираа ТППЕ Неготино со 7 пожарникари и екипа на ПС Неготино. Во 20:20 часот во близина на сепарацијата во Црвени Брегови во река Вардар пронајдено е тело и тоа е предадено на обдукција“, велат од ЦУК.
Телото предадено на обдукција
Телото било пронајдено во 20:20 часот, во близина на сепарацијата во Црвени Брегови.
Од ЦУК информираат дека телото е предадено на обдукција. По завршувањето на постапката треба да бидат утврдени сите околности поврзани со случајот.






