КАМЕН ПИЈАН СО МОЛОТОВ КОКТЕЛ ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО КУМАНОВСКО
20/07/2025 17:28
Полицијата во Куманово утринава приведе 27-годишен маж кој, под дејство на алкохол, запалил сува трева со молотов коктел на влезот од населбата Средорек, при што предизвикал пожар на отворено.
Министерството за внатрешни работи информира дека инцидентот бил пријавен на 20 јули, околу 02:10 часот, во СВР Куманово. Полициска патрола веднаш излегла на терен и го затекнала лицето С.С. (27) од Куманово, кој бил идентификуван од очевидец како извршител на делото.
По извршената алкотест контрола, кај С.С. биле измерени 2,40 промили алкохол во крвта. Тој е приведен и задржан во полициската станица.
Од СВР Куманово соопштуваат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на случајот.




