MKinformer

your daily dose of news

(Видео)КАКО ВО СТАРИТЕ ВРЕМИЊА: Пол Погба постигна еврогол од 40 метри далечина

21/07/2025 11:45

Пол Погба делува препородено откако успеа да најде клуб после суспензита поради допинг скандалот.

За Погба, ситуацијата означува уште едно поглавје во долгата и фрустрирачка битка за враќање на игра. Откако ја отслужи 18-месечната суспензија поради допинг, победникот на Светското првенство во 2018 година се мачеше да најде нови работодавци, но на крајот беше спасен од Монако, кој е решен да го подобри својот состав пред да се соочи со елитата на Европа во Лигата на шампионите следната сезона.

Во пријателскиот натпревар со овогоднишната сензација во англиската премиер лига, клубот Нотингем Форест, Погба постигна вистински еврогол и покажа дека светската класа е вечна.

error: Содржината е заштитена од копирање !!