MKinformer

your daily dose of news

Во следните 4 дена посебен режим на сообраќај кон кањонот МАТКА

21/07/2025 10:10

Секторот за внатрешни работи Скопје известува дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од СВР Скопје.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!