MKinformer

your daily dose of news

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест на ССМ пред Владата

17/02/2026 10:59

Денеска (17.02.2026) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протест што го организира Сојуз на синдикати на Македонија.

Протестот е најавен со почеток од 11:00 часот и ќе се одржи пред Влада на Република Македонија, на потегот кај булеварите „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека, доколку се појави потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на протестот и сообраќајот во централното градско подрачје.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на движењето на возилата, а од надлежните институции апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници.

На граѓаните им се препорачува да планираат дополнително време за движење низ центарот на градот и, доколку е можно, да користат алтернативни сообраќајници.

error: Содржината е заштитена од копирање !!