MKinformer

your daily dose of news

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КОЧАНИ: Од куќа во пламен пожарникарите спасија повозрасна жена

22/07/2025 17:53

Голем пожар избувна денеска во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во центарот на Кочани. Припадниците на Територијалната против – пожарна служба се на местото на настанот со неколку возила и се обидуваат да го изгаснат огнот. Пожарникарите неуморно работат и цело лето се борат со огновите кои зафаќаат големи територии и објекти. На ова место имаа успешна спасувачка мисија.

Од запалената куќа пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која, според првичните информации, не е во животно загрозувачка состојба.

„Браќа Ставреви“ е густо населена улица со куќи една до друга, поради што постои опасност огнот да се прошири. За сега, пожарникарите успеваат да ја локализираат огнената стихија.

Во моментов не можат да се добијат подетални информации, бидејќи гаснењето на пожарот се уште трае. Повеќе информации ќе има во текот на денов.

error: Содржината е заштитена од копирање !!